18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАвстралија светски првак во крикет

Австралија светски првак во крикет

67699

Репрезентацијата на Австралија во крикет петти пат во својата историја стана светски првак. Австралија во големото финале пред 93.013 гледачи во Мелбурн славеше над Нов Зеланд со 186/3:183.

Австралија претходно беше најдобра во 1987, 1999, 2003, 2007 година, по две титули имаат Индија и Виндис (мултинационален интегриран тим составен од 15 држави во Карипското море), а по една Пакистан и Шри Ланка.

На 11-от Светски куп покрај финалистите учествуваа уште 12 репрезентации: Англија, Јужна Африка, Индија, Шри Ланка, Пакистан, Бангладеш, Зимбабве, Ирска, Авганистан, Шкотска, Обединети Арапски Емирати и Виндис.

Натпреварите се играа од 14.март до 29.февруари во Австралија и Нов Зеланд, а вкупно се одиграни 49 мечеви во формат од 50 овери (еднодневни натпревари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП