2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродадени билетите за средбата во чест на Балак

Продадени билетите за средбата во чест на Балак

michael-ballack

Продадени се сите влезници за натпреварот кој ќе се одигра во чест на пензионирањето на Михаел Балак.

Поранешниот германски репрезентативец потврди дека на 5-ти јуни во Лајпциг за последен пат ќе излезе на фудбалскиот терен, а организаторите на настанот објавија дека за еден ден биле продадени сите 43.000 влезници.

„Пресреќен сум, неочекував толку голем интерес од публиката. Се надевам дека тоа ќе биде незаборавна фудбалска ноќ за сите нас“, изјавил Балак.

Доаѓањето во Лајпциг го потврдија тренерот на Реал, Жозе Мурињо, првотимецот на Баерн, Бастијан Швајнштајгер и многу други. А покани добија и селекторот на Германија, Јоаким Лев и капитенот Филип Лам, но и легендата на украинскиот фудбал, Андреј Шевченко.

На средбата силите ќе ги одмерат екипата на неговите пријатели и 11-те најдобри светски фудбалери која ќе ја предводи Мурињо, а целиот приход ќе биде даден во добротворни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП