25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Нов триумф на Атланта, осум поени за Антиќ

НБА: Нов триумф на Атланта, осум поени за Антиќ

PI-NBA-Milwaukee-Bucks-Hawks-6-033015.vadapt.955.high.0

Кошаркарите на Атланта стигнаа до 56-та победа во НБА лигата, откако во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот славеа против Милвоки со 101:88. Индивидуално вечерта во НБА шампионатот ја одбележа бекот на Торонто Демар Дерозан кој постигна 42 поени.

Перо Антиќ мечот со Милвоки го заврши со осум поени (2/4 од поле) и два скока за 15 минути игра. Демар Керол со 23 поени, осум скока и пет асистенции го предводеше тимот на Атланта. Ал Хорфорд постигна 18, а Џеф Тиг 15 поени, а значајна улога имаше и Кајл Корвер кој своите 11 поени ги постигна во третата четвртина кога Атланта ја направи недостижната предност (67:51).

Бекот на Торонто Демар Дерозан го одигра најдобриот меч во својата кариера во кој постигна 42 поени (14/27 од поле). Торонто славеше над Хјустон со 99:96, а Дерозан ги постигна клучните поени во завршницата со кои на тимот мо ја овозможи 44-та сезонска победа. Торонто се наоѓа на четвртото место во Источната конференција.

Хјустон вообичаено го предводеше Џејмс Харден со 31 поен (10/12 од линијата за слободни фрлања). Хјустон има скор од 50 победи и 24 порази и од второто место на Западот на кое се наоѓа Мемфис заостанува за една победа.

Резултати: Шарлот-Бостон 104:116, Филаделфија-ЛА Лејкерс 111:113, Торонто-Хјустон 99:96, Атланта-Милвоки 101:88, Мемфис-Сакраменто 97:83, Минесота-Јута 84:104, Портланд-Феникс 109:86.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП