21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ремизираше со Австралија

Македонија ремизираше со Австралија

fudbal-mak-rep

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без победник 0:0 во пријателски натпревар против селекцијата на Австралија.

Македонските фудбалери одново не импресионираа со играта, што реално е и очекувано по петочниот пораз од Белорусија, па ремито со актуелниот шампион на Азија може да се смета за позитивен резултат.

Инаку македонските репрезентативци во текот на целиот натпревар не упатија ниту еден директен удар кон голот на противникот. Од друга страна Австралијците кои пред пет дена ремизираа со Германија (2:2) повеќе ја контролира играта но створија само една конкретна шанса за гол.

Македонија следниот натпревар ќе го одигра на 14.јуни кога во рамките на квалификациите за пласман на ЕП ќе гостува кај Словачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП