Кошаркарите на Атланта триумфираа над Мајами со 99:86 и втор пат во клуската историја го обезбедија првото место во Источната конференција. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на играше во мечот во кој Атланта стигна до 55-та победа во 62-от натпревар.
Демар Керол со 24 и Пол Милсап со 21 поен го предводеа лидерот до победата над Мајами кој има негативен скор од 33 победи и 39 порази.
Во ноќта помеѓу петокот и саботата триумф запиша и лидерот во лигата Голден Стејт. Стеф Кари со 38 поени го предводеше Голден Стејт до победата над Мемфис од 107:84. Тимот од Оукленд има скор 59-13 со што го израмни најдобриот резултат во историјата.
Резултати: Орландо-Детроит 97:111, Филаделфија-ЛА Клиперс 98:119, Вашингтон-Шарлот 110:107, Атланта-Мајами 99:86, Бруклин-Кливленд 106:98, Њујорк-Бостон 92:96, Торонто-ЛА Лејкерс 94:83, Хјустон-Минесота 120:110, Мемфис-Голден Стејт 84:107, Њу Орлеанс-Сакраменто 102:88, Сан Антонио-Далас 94:76, Денвер-Јута 107:91, Феникс-Портланд 81:87.