21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов дебакл на Македонија, Белорусија победи во Скопје

Нов дебакл на Македонија, Белорусија победи во Скопје

mk bel 1

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа нов пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во рамките на петтото коло во Ц групата македонските фудбалери загубија од Белорусија со 1:2 (1:1). Со овој пораз Македонија ги губи шансите овој квалификациски циклус да го заврши на четвртото место, со три бода ‘црвено-жолтите’ се наоѓаат на претпоследната позиција во групата.

Македонските фудбалери против Белорусија одиграа квалитетно само во првата половина од првото полувреме, со висок пресинг целосно го потиснаа противникот на неговата половина. Офанзивната определба резултираше со гол во деветтата минута кога Александар Трајковски со прецизен удар од 18 метри го совлада Жевнов.

По 22 минута значително падна темпото во играта на ‘црвено-жолтите’, Белорусите ја презедоа иницијативата, трпеливо ги градеа своите акции и од првиот сериозен обид, во 44.минута, ја погодија мрежата на Пачовски. Хлеб ја измеша нашата одбрана го проигра Калачев, а овој со прецизен удар од 19 метри го погоди спротивниот агол од голот на Пачовски.

Голот кој го примија во финишот на првиот дел ги шокира македонските фудбалери кои од шокот не се опоравија до крајот на мечот.

Второто полувреме донесе нивна катастрофална игра и повторување на старите слабости, одбраната порозна, средниот ред како да не постоеше, а нападот целосно отсечен.

Белорусите сето тоа знаеја да го искористат, доминираа на теренот, созадава шанси, а од потежок пораз Македонија ја спаси голманот Пачовски кој три пати одбрани чисти шанси.

Пачовски втор пат капитулираше во 82.минута, кога ја спречи акцијата на Путило, но за негова несреќа ја испушти топката на која налета Корниленко и ја смести зад неговиот грб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП