ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед обезбеди 85 милиони евра за Роналдо

Јунајтед обезбеди 85 милиони евра за Роналдо

cr8

Раководството на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед обезбеди 85 милиони евра за да го врати Португалецот, Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, пренесоа англиските медиуми.

Роналдо би заработувал на Олд Трафорд околу 15 милиони евра по сезона, што е два милиони повеќе од неговата заработка во редовите на „кралскиот клуб“.

Се шпекулира дека Роналдо е се понезадоволен во Мадрид и смета дека нема поддршка од навивачите кои се почесто му упатуваат свирежи.

Португалецот пристигна во Реал во 2009-та година од Јунајтед за рекорди 91 милион евра. Во дресот на „црвените ѓаволи“ помина седум години, настапи на 292 натпревари и постигна 118 голови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП