1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБартомеу се крие зад починатиот Тито Виланова

Бартомеу се крие зад починатиот Тито Виланова

barto

Претседателот на Барселона, Џозеп Бартомеу, изјавил дека трансферот на Нејмар изнесувал повеќе од планираното бидејќи тогашниот тренер Тито Виланова инсистирал Бразилецот да пристигне на „Ноу Камп“ една година пред планираното.

Бартомеу пред судот изјавил дека екс тренерот на Барса Виланова, кој од рак почина во април минатата година, инсистирал трансферот да биде реализиран една година порано, а дека преговорите ги водел неговиот претходник Сандро Росел.

На Бартомеу и Росел им се заканува затворска казна поради затајување на данок при реализацијата на трансферот на Нејмар.

„Тито сакаше да го засили тимот во нападот и одбраната, бараше еден дефанзивец и го бараше Нејмар. Ни каже дека имаме само еден доминантен играч (Лео Меси) и дека не го сака во тимот Давид Виља. Рече дека сака да го продаде Виља и да го донесе Нејмар. Ние ги разбравме неговите барања кои ни ги кажа во февруари 2013 година додека беше на хемотерапија во Њујорк“, рекол Бартомеу, дополнувајќи дека со таткото на Нејмар, околу трансферот разговарал Росел.

Челникот на Барса рекол дека бидејќи трансферот бил реализиран една година пред договореното Барса платила 42 милиони евра повеќе од планираното.

Според пишувањето на весникот AS трансферот на Нејмар би можел да ја чини Барселона 150 милиони евра, вклучувајќи го данокот и потенцијалните казни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП