27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРено ја напушта Формула 1!?

Рено ја напушта Формула 1!?

Motor Racing - Formula One Testing - Test Two - Day 2 -  Barcelona, Spain

Францускиот производител на автомобили Рено, кој во моментов ги обезбедува моторите на „Ред бул“ и „Торо Росо“, сериозно размислува да ја напушти Формула 1 поради зачестените критики по тешкиот старт на новата сезона.

Во ГН на Австралија само еден од четворицата пилоти во „Ред Бул“ и „Торо Росо“ успеа да стигне до крајот. Тоа беше причина за сериозни критики од „Ред бул“ кон Рено, кои според Французите нанеле штета на нивниот углед.

Иако има знаци на подобрување на денешните два слободни тренинзи пред Големата награда на Малезија, директорот на „Renault Sport F1“, Сирил Абитебул навести заминување.

„Можам да потврдам дека во моментов размислуваме на доста опции и една од нив е напуштање на Формула 1. Ние мислиме дека сме сигурен играч во овој спорт, но искрено ако Формула 1 влијае толку лошо на угледот на Рено и ако продолжиме да страдаме во сегашната формула“, изјави тој на прес-конференција.

„Во моментов, сепак сме фокусирани на моторите“, додаде Абитебул.

Друга од опциите која размислуваат во Рено, е враќањето како тим во најпопуларната автомобилска трка преку купување на Торо Росо. Гласините за ваквиот потег се зголемија во текот на последната недела.

„Ова е фантастична можност. Тимот сака да се вкорени во иднина во топ 5 на најдобрите конструктори во Формула 1 и точно е да бидеме купени од производител, чекори кои ни се потребни“, изјави денеска шефот на „Торо Росо“ Франц Тост.

Во оваа сезона Рено испорачува мотори само на Ред бул и тимот „ќерка“ на „биковите“, откако „Катерхам“ го напушти шампионатот, а „Лотус“ премина кон услугите на Мерцедес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП