20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧави потпиша за катарскиот Ал Сад

Чави потпиша за катарскиот Ал Сад

cavi 33

Чави Ернандез по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Барселона. Еден од симболите на Барселона, човекот кој 24 години мина во клубот и стана вистинска легенда кариерата ќе ја продолжи во Катар.

Паузата во националните првенства поради репрезентативните натпревари, Чави ја искористи за да отпатува во Доха каде потпишал тригодишен договор со Ал Сад, кој годишно ќе му носи по 10 милиони евра.

Богатиот договор предвидува Чави да биде еден од амбасадорите на СП во 2022 година чиј домаќин ќе биде Катар и во иднина да го пренесува своето знаење на младите играчи кои ќе бидат дел од школата на Ал Сад, наречена Aspire Academy.

Чави е апсолутен рекордер според бројот на настапите за Барселона (751), а во неодамнешното Ел Класико стана играч на Барселона со најмногу победи над Реал (13).

Еден од архитектите на тики-така со Барселона и репрезентацијата на Шпанија успеа да ги освои сите можни трофеи во светскиот фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП