28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРивер Плејт го освои Копа Еуроамерикана

Ривер Плејт го освои Копа Еуроамерикана

river plata 1

Фудбалерите на Ривер Плејт го освоија првото издание на Копа Еуроамерикана, натпревар во кој играа победниците на Копа Судамерикана и Лига Европа. Ривер Плејт славеше над Севилја со 1:0.

Единствениот гол на „Монументал“ стадионот во Буенос Аирес го постигна 20-годишниот Хуан Капроф во 82-рата минута од натпреварот.

Инаку двата тима не играа во своите најдобри состави бидејќи неколкумина фудбалери од двата тима се наоѓаа на подготвки со своите репрезентации.

Организатор на натпреварот беше една американска телевизиска куќа, но ФИФА сѐ уште официјално не го признава ова натпреварување.

На трибините на стадионот присутен беше и Диего Симеоне актуелниот тренер на Атлетико Мадрид чии 19-годишен син Џовани игра за Ривер Плејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП