11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГН Малезија: Хамилтон најбрз на првите тренинзи

ГН Малезија: Хамилтон најбрз на првите тренинзи

m f1

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Нико Розберг, остварија најдобри времиња на првите тренинзи пред трката за Големата награда на Малезија. Розберг оствари најдобро време на првиот, а Хамилтон на вториот тренинг. Најбрзиот круг на Сепанг го извозе Хамилтон (1:39.790).

Нико Розберг беше најбрз на првиот тренинг со четири десетинки подобро време од Кими Раиконен (Ферари), а зад нив следуваа Себастијан Фетел (Ферари), Роман Грожан (Лотус), Карлос Саинц (Торо Росо). Хамилтон имаше проблеми со болидот поради што на првиот тренинг немаше резултат.

На вториот тренинг, откако го реши проблемите најпрвин со моторот, а потоа и со телеметријата Хамилтон беше најбрз пред Раиконен и тимскиот колега Розберг. Помалку од една секунда зад Хамилтон заостанаа уште Данил Квјат (Ред Бул), Валтери Ботас и Фелипе Маса од Вилијамс и Себастијан Фетел (Ферари).

Покрај возачите на Мерцедес, првиот ден во Мализија го одбележаа Фернандо Алонсо и возачите на Менор, Вил Стивенс и Роберт Мерхиј.

Алонсо кој ја пропушти трката за Големата награда на Австралија поради потрес на мозокот имаше за речиси три секунди послабо време од Хамилтон (1:42.506), додека пилотите на Менор завршија на последните места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП