22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиер лига донира 1.3 милијарди од ТВ правата за иднината на фудбалот

Премиер лига донира 1.3 милијарди од ТВ правата за иднината на фудбалот

fudbal pari

Англиската Премиер лига соопшти дека над 1,3 милијарди евра од новата рекордна зделка за ТВ правата во Велика Британија, за сезоните од 2016-17 до 2018-19, ќе бидат донирани за развојот на фудбалот во Англија.

Минатиот месец стана јасно дека „Sky Sports“ и „BT Sport“ се согласиле да дадат 5.1 милијарди фунти (7 милијарди евра) за три сезони.

Сега Премиер лига има намера да одвои 20 проценти од оваа сума со цел да вложи средствата во пет приоритетни насоки – изградба на бази, спортски и образовен развој на младите, посветеност на навивачите, солидарност со нискоразредните лиги и поддршка за обесправените.

Извршниот директор на Премиер лига, Ричард Скудамор објави одлуката што беше поздравена од многу страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП