17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИљасова ја сруши Индијана

Иљасова ја сруши Индијана

Image (7)

Милвоки ја совлада Индијана со 111:107 во единствениот натпревар кој се одигра во НБА лигата, во ноќта помеѓу четвртокот и петокот.

Милвоки се наоѓа на шестата позиција на Истокот со три победи повеќе од седмопласираниот Мајами, додека Индијана зад Бостон кој е осмопласиран заостанова за една победа.

Милвоки во првото полувреме имаше 19 поени предност, во второто позитивата ја зголеми на +23, но во последната четвртина Џордан Хил ја врати Индијана во натпреварот. Истиот играч на една секунда до крајот промаши тројка за израмнување.

Милвоки до победата го предводеше Ерсан Иљасова со 34 поени (5/6 за три), Крис Мидлтон постигна 17, а Јанис Андедокумпо 16 поени.

Си Џеј Вотсон беше најефикасен кај Индијана со 26 поени, додека Хил постигна 24 поени, од кои 15 во последната четвртина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП