28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразил се одмазди за поразот во 1998

Бразил се одмазди за поразот во 1998

Image (6)

Фудбалската репрезентација на Бразил славеше над Франција со 3:1, во пријателски натпревар кој се одигра на стадионот „Сен Дени“ во Париз.

Дуелот беше реприза на финалето на Сп во 1998 година, а слично како и тогаш Карлос Дунга и Дидие Дешан ги предводеа своите репрезентации, овој пат како селектори.

Франција прва стигна до предност со голот на Рафаел Варан во 21.минута од натпреварот. До крајот на полувремето Оскар успеа да израмни на 1:1.

Нејмар постигна гол за Бразил во 57.минута, а потоа Франција промаши три добри шанси за израмнување преку Бензема, Сисоко и Гризман, што во 69.минута го казни Луис Густаво кој го постави конечниот резултат.

На дртугите пријателски натпревари Иран славеше над Чиле со 2.0, додека Колумбија го декласираше Бахреин со 6:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП