6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар без тројца играчи ќе ја брани тутлата во СЕХА

Вардар без тројца играчи ќе ја брани тутлата во СЕХА

mkd-106785

Ракометниот клуб Вардар без тројца стандардни играчи пристигна во Веспрем, каде на завршниот турнир во СЕХА лигата ќе ја брани титулата во ова натпреварување. Вардар во Унгарија пристигна без Тимур Дибиров, Матијаж Брумен и Илија Абутовиќ.

„Левото крило Тимур Дибиров има пукнати мускулни влакна на ногата, Матјаж Брумен пред последниот тренинг во Скопје се пожалил на висока температура, а Илија Абутовиќ има се уште повреда што не е целосно залечена. Со, цел да не се ризикува, и да им се остави доволно време за санирање на повредите, решено е тие тројца да останат во Скопје и тука да се подготвуваат и да примаат соодветна терапија.“, објави Вардар на својата интернет страница.

Вардар за пласман во финалето на завршниот турнир ќе се бори со Брест Мешков, натпреварот ќе се одигра в петок во 17:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП