19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве ги сака двете титули назад и плус 444 милиони евра отштета

Јуве ги сака двете титули назад и плус 444 милиони евра отштета

modzi juve

Италијанскиот шампион Јувентус презема конкретни мерки за враќање на неговите две одземени титули од 2005-та и 2006-та година поради скандалот „Калчополи“, но и отштета од 444 милиони евра, соопштуваат медиумите на Апенините.

По укинувањето на ефективните пресуди од Врховниот суд во Рим на поранешните директори на Јувентус, Лучијано Моџи и Антонио Џираудо, „бјанконерите“ ќе поднесат тужба како до спортскиот, така и до граѓанскиот суд за враќање на нивните титули.

77-годишниот Моџи првично беше осуден на 5 години и 4 месеци затвор, а во крајот на 2013-та година оваа пресуда беше намалена до 2 години и 4 месеци. Џираудо пак мораше да лежи зад решетки 1 година и 8 месеци. Двајцата беа главните обвинети дека ги поткупувале судиите и противничките играчи за манипулирање на натпревари.

Бројка од околу 444 милиони е составена од 130 милиони евра од падот на берзанската вредност на клубот; 110 милиони евра за намалување на вредноста на брендот Јувентус; 80 милиони за неуспехот да се земе учество во Лигата на шампионите; и 40 милиони евра за намалување на ТВ правата.

Поради скандалот „Калчополи“, Јувентус беше лишен не само од две титули, туку и беше исфрлен во Серија „Б“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП