5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКедира дефинитивно си заминува од „Бернабеу“!?

Кедира дефинитивно си заминува од „Бернабеу“!?

sam kedira

Халфот на европскиот клупски шампион Реал Мадрид, Сами Кедира, го информирал тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти дека ќе го напушти тимот во текот на летото, кога истекува неговиот договор, објави „Кикер“.

Името на 27-годишниот светски шампион со Германија, кој е на „Бернабеу“ од 2010-та година, упорно се споменува како тоа на еден од оние кои ќе го напуштаат Реал ова лето, како по се изгледа дека токму тоа и ќе се случи.

Самиот фудбалер се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, а засега два тима се со најдобри шанси да го донесат во своите редови, Арсенал и Шалке.

Во последните две години Кедира ретко се наоѓа во првиот состав на Реал. Повреда го извади халфот од игра за долго време во претходната сезона, додека во оваа тој често остануваше на резервната клупа на сметка на Тони Крос и Лука Модриќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП