
Сопственикот на Челзи Роман Абрамович понудил 25,7 милиони фунти за привлекување на Андре Гомeс од Валенсија, пишуваат англиските медиуми.


Сопственикот на Челзи Роман Абрамович понудил 25,7 милиони фунти за привлекување на Андре Гомeс од Валенсија, пишуваат англиските медиуми.
21-годишниот фудбалер има одлична сезона со „лилјаците“ и со тоа го привлече вниманието на менаџерот Жозе Мурињо. Португалскиот репрезентативец умее да ја контролира средината на теренот, а исто така располага со многу добри додавања и сака да игра директен фудбал.
Уште откако ја смени Бенфика со „Местаља“ во 2014-та година, скаутите на Челзи редовно ги следат неговите настапи. Во моментов во Валенсија ја истражуваат подготвеноста на Челзи да плати слична сума. Не е исклучено „лилјаците“ да го отфрлат предлогот и да побараат повеќе пари.
Дури и во овој случај, Жозе Мурињо има намера да им угоди на Шпанците, така што ќе испрати нова понуда. Идејата е така комуникацијата да продолжи, што дава можност за постигнување на компромисно решение.
Досега во сезоната, Гомес играше на 24 од 28-те натпревари за Валенсија, а притоа реализираше 4 гола и една асистенција.