16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Пет поени за Антиќ, дебакл на Оклахома во СА

НБА: Пет поени за Антиќ, дебакл на Оклахома во СА

Image (3)

Кошаркарите на Атланта во Орландо ја забележаа 57-та победа во првенството и на 11 натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната се наоѓаат на лидерската позиција во Источната конференција. Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 13 натпревари, а само Сан Антонио славеше на домашен терен.

Атланта славеше во Орландо со 95:83, Перо Антиќ на теренот мина нешто помалку од 22 минути и имаше учинок од пет поени и четири скока.

Целата стратна петорка на Атланата натпреварот го заврши со двоцифрен број на постигнати поени, а тимот до победата го предводеше Пол Милсап со 25 поени и 11 скокови.

Во ноќта помеѓу средата и четвртокот дебакл во Сан Антонио доживеа тимот на Оклахома. Сан Антонио славеше со 130:91, седуммина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а само Вилијамс не успеа да се запише меѓу стрелците.

Французите Тони Паркер и Борис Диао со 21 односно 19 поени го предводеа Сан Антонио. Кај Оклахома Расел Вестбрук и Енес Кантер постигнаа по 16 поени.

Хјустон славеше во Њу Орлеанс со 95:93, Џејмс Харден реализираше 25 поени во победата. Инаку на овој меч во тимот на Хјустон, по паузата поради повреда, се врати првиот центар Двајт Хауард, тој одигра 16 минути и постигна четири поени.

Резултати: Шарлот-Бруклин 88:91, Њујорк-ЛА Клиперс 80:111, Орландо-Атланта 83:95, Вашингтон-Индијана 101:103, Торонто-Чикаго 103:116, Бостон-Мајами 86:93, Мемфис-Кливленд 89:111, Минесота-ЛА Лејкерс 99:101, Њу Орлеанс-Хјустон 93:95, Денвер-Филаделфија 85:99, Јута-Портланд 89:92, Феникс-Сакраменто 99:108, Сан Антонио-Оклахома 130:91.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП