17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити сака да го доведе Анчелоти!?

Сити сака да го доведе Анчелоти!?

karlito

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е најпосакуваните опција за нов тренер на Манчестер Сити.

Интересот кон италијанскиот специјалист се должи на тоа дека во Шпанија одамна се шпекулира за неговото заминување од „Сантијаго Бернобеу“.

Гласините се засилуваат поради падот во играта на „кралевите“, кои беа на прагот од елиминација од Лигата на шампионите, а во последниот викенд го загубија дербито со Барселона и веќе заостануваат четири поени од вечниот ривал.

Раководството на „граѓаните“, пак, не е задоволна од својот менаџер Мануел Пелегрини, бидејќи тимот ја испушти титулата и веќе заостанува сериозно зад лидерот Челзи. Сити испадна и од Лигата на Шампионите, откако загуби исто така од Барселона, и така годината стана неуспешна за „небесносините“.

Манчестер Сити го посакува и Хосеп Гвардиола, но тренерот на Баерн Минхен неколку пати најави дека нема шанси наскоро да си замине од германскиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП