13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНестварен рекорд на Дирк Новицки

Нестварен рекорд на Дирк Новицки

dirk 2

Кошаркарите на Далас во тексашкото дерби славеа над Сан Антонио (101:94), Монта Елис со 38 поени беше најефикасен на натпреварот, но во центарот на вниманието беше Дирк Новицки кој успеа да стигне до рекорд кој никој пред него не го остварил во НБА лигата.

Легендарниот Германец на натпреварот со актуелниот првак во НБА лигата го заврши со 15 поени, 13 скокови и три асистенции. Со последниот скок тој стана првиот играч во НБА историјата кој во кариерата има најмалку 25.000 поени, 10.000 скока, 1.000 блокади и 1.000 постигнати тројки.

36-годишниот Новицки во понеделникот стана татко, во вторникот не тренираше, а во средата се запиша во НБА историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП