19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Стејт ја освои титулата во Пацифик дивизијата

Голден Стејт ја освои титулата во Пацифик дивизијата

242425252

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс славеа во Портланд (122:108) и на 11 натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата ја освоија титулата во својата дивизија.

Во дербито Далас го совлада Сан Антонио (101:94), Милвоки со тројка во пследната секунда триумфираше на Мајами (89:88),  Оклахома предводена од Вестбрук славеше во ЛА (127:117).

Голден Стејт во Портланд ја запиша седмата победа во низа и прв пат по 1976 година ја освои титулата во Пацифик дивизијата, екипата на Стив Кер има скор од 58 победи и 13 порази и на добар пат е да ја обезбеди и позицијата број 1 пред почетокот на плејофот.

„Мораме да бидеме горди на она што го направивме. Сега ни преостануваат уште 11 натпревари во кои ќе се обидеме дополнително да напредуваме“, изјавил бекот на Вориорс, Стеф Кари.

Токму Кари со 33 поени и 10 асистенции го предводеше тимот до победата, додека кај Портланд се истакна Демијан Лилард со 29 поени и 7 асистенции.

Крис Мидлтон постигна тројка во последната секунда со која Милвоки забележа победа над Мајами и ја прекина серијата од шест порази. Мидлтон мечот го заврши со 13 поени, додека најефикасен играч на Бакси беше Ерсан Иљасова (19 поени, 11 скока). За Мајами Двејн Вејд постигна 21, а Горан Драгиќ 16 поени.

Оклахома славеше над Лејкерси, а во четвртиот последовен триумф на Тандер најдобар беше Расел Вестбрук со 27 поени и 11 аистенции. Уште една блескава вечер имаше Енес Кантер кој имаше учинок од 25 поени и 16 скока.

Монта Елис постигна рекордни сезонава 38 поени и го предводеше Далас до победата во тексашкото дерби со Сан Антонио. Покрај Елис двоцифрен ефект кај Далас имаа Дирк Новицки и Чендлер Парсонс, двајцата постигнаа по 15 поени.

Демаркус Казинс оствари ‘дабл-дабл’ во победата на Сакраменто над Филаделфија (107:106), додека Реџи Џексон со 28 и Колдвел-Поуп со 26 поени го предводеа Детроит до триумфот над Торонто (108:104).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП