5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо го чека казна за славење на голот против Барса

Роналдо го чека казна за славење на голот против Барса

ronaldo-kazna

Најдобриот играч на светот за изминатата година Португалецот Кристијано Роналдо, би можел да биде казнет поради непристојно прославување на голот во „Ел Класико“, кога неговиот Реал беше поразен од Барселона со 1-2 на „Камп Ноу“.

Роналдо изедначи за мадридските „кралеви“ во 31-та минута, а тогаш при прославувањето на голот направил непристоен гест кон навивачите на домашната Барселона. Шпанскиот фудбалски сојуз отвори истрага и тврди дека ова не е првпат Португалецот при постигнување гол на „Камп Ноу“ да ги навредува домашните навивачи.

„Ние во водството на лигата сме посебно чувствителни на случаите кога играч при постигнување погодок ги провоцира противничките навивачи“. Тоа многу лесно може да предизвика безредија и насилства“, изјави претседателот на Пример, Хавиер Тебас, кој додава дека Роналдо сигурно ќе биде казнет, но не сакаше да каже дали Португалецот ќе биде санкциониран парично или со суспензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП