2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар ја започнува одбраната на титулата во СЕХА лигата

Вардар ја започнува одбраната на титулата во СЕХА лигата

vardare

Веспрем арена и унгарскиот првак Веспрем, од денес до 29.март, ќе бидат домаќини на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, која сезонава се игра со малку изменет формат.

Пласман на турнирот обезбедија шест екипи, покрај бранителот на титулата Вардар и домаќинот Веспрем тука се уште и Брест Мешков, ППД Загреб, Татран Прешов и Нексе.

Веспрем и Вардар кои регуларниот дел од сезоната го завршија на првото и второто место обезбедија директен пласман во полуфиналето.

Денес ќе се одиграат мечевите помеѓу Брест Мешков и Нексе (17:45 часот) односно ППД Загреб и Татран Прешов (20:15).

Победникот од дуелот помеѓу Брест Мешков и Нексе, в петок ќе игра против Вардар во првото полуфинале, додека во второто полуфинале домаќинот Веспрем ќе го има за противник победникот од пресметката ППД Загреб и Татран Прешов.

Мечот за третото место и големото финале ќе се одиграат на 29.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП