2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХасани: Тука сме да дадеме сé од себе за Македонија

Хасани: Тука сме да дадеме сé од себе за Македонија

hasani1

Фудбалерот на дански Брондби, Ферхан Хасани, по речиси една година повторно е повикан во репрезентацијата на Македонија. Крилниот играч во изминатиот период имаше проблеми со повредите, последен пат со националниот тим тој беше во Шпанија.

„Ние сме тука за да дадеме сé од себе за Македонија, мислам дека овој меч треба и можеме да го добиеме. Имаме една добра генерација на играчи, добар тим, верувам дека ќе ги освоиме трите бода. Не нé интересира како ќе играат Белорусите, ние треба да ја играме нашата игра. Се радувам што повторно сум во репрезентацијата, повредата е минато, се наоѓам во добра форма“, рече Хасани.

Македонските репрезентативци против Белорусија ќе играат во Скопје, на 27-ми март. Дуелот на „Филип Втори“ ќе започне во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП