4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветскиот Мир потпиша за Канту

Светскиот Мир потпиша за Канту

panda

Еден од најконтровезните НБА играчи, Мета Ворлд Пис, во минатото познат како Рон Артест, до крајот на сезоната ќе игра во италијанското првенство, откако ја договорил соработката со Канту.

Ворлд Пис во НБА лигата играл за Чикаго, Индијана, Сакрамнето, Хјустон, Њујорк и ЛА Лејкерс каде и ја освои шампионската титула во 2010 година. Во 2004 година тој беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА лигата.

Изминатите неколку месеци тој играше во Кина, каде на 15 натпревари имал просечен учинок од 19 поени и шест скока.

Претседателот на Канту, Ана Кремасколи, очекува дека доаѓањето на искусниот НБА играч ќе биде позитивен шок за тимот кој се бори за пласман во плеј офот.

Инаку Рон Артест, односно Мета Ворлд Пис планира повторно да го смени името и да се вика Пријател на Пандите (Panda`s Friend).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП