26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШиков: Мора да ја победиме Белорусија

Шиков: Мора да ја победиме Белорусија

vance

Фудбалските репрезентативци на Македонија денеска започнаа со подготвките за квалификацискиот натпревар со Белорусија и пријателскиот со Австралија. Селекторот Ѓуровски за овие натпревари нема да може да смета на повредените Марио Ѓуровски и Аријан Адеми.

Македонија и Белорусија во досегашниот тек од квалификациите одиграа по четири меча, избраниците на Ѓуровски остварија една победа и три пораза, додека Белорусите имаат само еден бод (едно реми и три пораза).

„Наша цел е да забележиме победа и да останеме на табелата пред нив и пред Луксембург“, вели еден од најискусните во македонската репрезентација Ванчо Шиков.

„Наша предност е домашниот терен. Мислам дека наша предност треба да биде и техниката, имаме добри напаѓачи, тоа треба да биде нашата предност. Ќе играме офанзивно и на овој меч мора да победиме“, дополни дефанзивецот на Австрија Виена.

Натпреварот меѓу Македонија и Белорусија ќе се одигра в петок на „Филип Втори“ со почеток во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП