28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајбогатите возачи во Формула 1

Најбогатите возачи во Формула 1

vozaci formula22

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер е најбогатиот пилот, станува јасно од рејтингот на „Wealth-X“.

Богатството на Шумахер, кој претрпе ски инцидент пред повеќе од една година, се проценува на 780 милиони долари. Втор во редот е Фернандо Алонсо, кој до минатата година настапуваше за тимот на Шумахер – Ферари. Алонсо, кој денес веќе е пилот на Мекларен, има 220 милиони долари. Само за 2014-та година Алонсо заработил 30 милиони долари, од нив 2 милиони долари од спонзорските договори, објави пред извесно време списанието „Forbes“. Од оваа сезона 33-годишниот Шпанец ќе добива по 40 милиони долари.

Трет во рагирањето е актуелниот пилот на Ферари, Кими Раиконен со 180 милиони долари, додека клубскиот колега Себастијан Фетел е деветти со 45 милиони долари.

vozaci formula

Покрај Шумахер, уште тројца поранешни пилоти имаат место во првите 10. Тоа се Еди Ирвајн со 180 милиони долари, додека Ален Прост и Дејвид Култхард го делат 7-8 место со по 70 милиони долари.

Во првите десет се наоѓаат уште Џенсон Батон на шестата позиција со 100 милиони долари и Нико Розберг, кој го зазема последното 10-то место со 30 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП