27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Чикаго обезбеди место во плејофот

НБА: Чикаго обезбеди место во плејофот

final_drupal_55

Шест натпревари се одиграа во НБА лигата во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот. Гостите забележаа четири победи, а на домашен терен славеа Голден Стејт и Чикаго. Индивидуално овие натпревари го одбележаа Никола Миротиќ, Џејмс Харден и Еван Тарнер.

Миротиќ со 28 поени го предводеше Чикаго до победата над Шарлот (98:86). Црногорецот половина од своите поени постигна во последната четвртина во која имаше и осум скока. Чикаго со оваа победа и теоретски обезбеди пласман во разигрувањето.

Џејмс Харден одигра симултанка против Индијана, особено во последната четвртина кога беше решен победникот. Харден во последниот период постигна 19 од своите 44 поени, а Хјустон славеше над Индијана со 110:100.

Бостон славеше победа во Бруклин (110:91). Мечот мина во знакот на Еван Тарнер кој забележа ‘трипл дабл’ од 19 поени, 12 асистенции и 10 скока. Бостон со оваа победа ја прекина серијата од три порази.

Лидерот во шампионатот Голден Стејт го декласира Вашингтон со 107:76. Вашингтон во третата четвртина цели 11 минути не постигна поени од игра, постигнувајќи во овој период само осум поени. Стеф Кари со 24 поени беше лидерот на Голден Стејт.

Јута, по едно продолжение, загуби од Минесота со 104:106. Победникот на натпреварот во забивање на Ол Стар викендот, Зек Левин ја предводеше Минесота со 27 поени, од кои две тројки во финишот со кои го однесе натпреварот во дополнителното време.

Зек Рендолф и Марк Гасол заедно имаа 44 поени, 15 скока и 5 асистенции во победата на Мемфис во Њујорк (103:82). Рендолф имаше учинок од 23 поени, 7 скока и 5 асистенции, а Шпанецот мечот го заврши со 21 поен и 8 скока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП