Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го продолжил договорот со клубот, тврди весникот AS.
Истиот извор пренесува дека со новиот договор е предвидена соработка до 2020 година, а се очекува истиот да биде официјализиран во вторник.
Аргентинскиот стратег на клупата на популарниот мадридски клуб седна во 2011 година. За време на неговиот мандат ‘јорганџиите’ ја освоија Примера, Купот на Кралот, националниот Супер куп, УЕФА Суперкупот, Лига Европа и стигна до финалето во Лигата на шампиони.
Во тековната сезона Атлетико се наоѓа на четвртото место во Примера со девет бодови помалку од водечката Барселона.