4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi работи на паметен телефон за 65 долари

Xiaomi работи на паметен телефон за 65 долари

ev xiaomi

Кинескиот производител на паметни телефон „Xiaomi“ работи на нов ултраевтин смартфон, според упатените.

Смартфонот се очекува да е наменет за пазарите на земјите во развој и да чини 65 долари, како прво, најверојатно ќе се појави на индискиот пазар.

Според податоците кои се појавија на интернет, смартфонот се очекува да е со 4.7-инчен екран со резолуција од 720 пиксели, чип од „Leadcore Technology“ и софтвер „Android 4.4.4 KitKat“.

Моделот најверојатно ќе располага со 1 GB RAM меморија и 8-мегапикселна задна камера, како и 2 мегапикселна предна камера. Смартфонот се очекува да има способност за работа со следната генерација на 4G-мрежи.

Кинескиот производител неодамна го претстави на пазарот во Индија модел „Redmi 2“. Тој е со цена од околу 100 долари и директно се натпреваруваат со моделот „Moto E“ од втората генерација, кој е со повисока цена од околу 120 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП