7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбвинителството бара затворски казни за Бартомеу и Росел

Обвинителството бара затворски казни за Бартомеу и Росел

neymar-rosell-bartomeu

Шпанското обвинителство од судијата Пабло Русо побара затворски казни за актуелниот и поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Џозеп Бартомеу и Сандро Росел.

Против овие двајца се води процес поради затајување на данок во „случајот Нејмар“. Барселона соопшти дека трансферот на Бразилецот изнесувал 57 милиони евра, кога тој во 2013-та година пристигна од Сантос, но судот се сомнева дека за Нејмар, Барса платила околу 83 милиони евра.

Обвинителството за Бартомеу побарало затворска казна од две години и седум месеци, а за Росел затворска казна од седум години и три месеци, пренесе агенцијата AFP.

Покрај тоа, обвинителството побара поради затајување данок Барселона и парично да биде казнета со 33 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП