6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Марија за Кавани?

Ди Марија за Кавани?

kavani dimaria

Манчестер Јунајтед на големо ги разгледува трансфер опциите за летниот преоден рок, кој ќе донесе многу промени.

Богато платениот тим не дава резултати, Ван Гал не успева да ги оправда вложените пари, но јасно е дека Холаѓанецот ќе добие поддршка.

Во врска со тоа, пред Јунајтед е уште едно бурно лето кога ќе го видиме заминувањето на Радамел Фалкао, но најверојатно и на Анхел ди Марија.

Аргентинецот не успева да се наметне како вредно засилување во дресот на „црвените ѓаволи“, високите очекувања на навивачите не се исполнети, па поради тоа се повеќе е извесно дека ќе дојде до разделба. Ако ја придодадеме желбата на Ди Марија да се „проба“ во Париз, како и грабежот во неговиот дом кој значително го засили психолошкиот притисок, разделбата е неминовна.

Манчестер Јунајтед плати рекордни 58 милиони фунти за Ди Марија, а англискиот клуб сега ги разгледува сите начини како да ги врати вложените пари.

Како што најавуваат англиските медиуми, наместо својот играч да го продадат за максимум 40 милиони фунти, Англичаните на ПСЖ ќе му понудат размена, која би требало да го вклучува Едисон Кавани.

Со оглед дека има доста играчи на крилните позиции, а во нападот е Ван Перси, како единствена алтернатива за Руни, кога ќе си замине Фалкао, без сомневање засилување во нападот ќе биде повеќе од добредојдено.

За Кавани владее голем интерес од европските клубови, а Арсенал и Ливерпул се меѓу нив кои се споменуваат, па поради тоа останува да видиме како ќе се одвиваат работите во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП