29 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.03.2015

Дневен хороскоп 23.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе ве повикаат на состанок за кој треба добро да се подготвите. Прелистајте ги сите документи, материјали и разгледајте дали сте погрешиле некаде. На работното место ситуацијата ќе биде малку напната, особено ако сте одговорни за некој поважен сектор. Енeргијата пронајдете ја во нештата кои ве прават среќни и на тој начин надминете ги несаканите проблеми.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нервоза, немир, расправии сами со себеси, а нема потреба од тоа. Гледајте на работите од поинаков агол. Понекогаш мора да се жртвувате, па затоа исклучете го мозoкoт и не размислувајте за се во детали. Сигурно постојат нешта кои ве прават среќни, завртете се кон нив и научете да уживате. Препреките и проблемите ќе се појавуваат цел живот, вие треба да научите успешно да ги решавате така што тие нема да влијаат на вашето здравје.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе добиете повик кој позитивно ќе ве изненади. Она за што се борите е правилно, но ќе треба подобро да соработувате со другите, барем за сега. Некои ќе гледаат да ја усовршат својата стручност. Оние што учат ќе бидат во добивка. Послушајте ги идеите на вашиот партнер.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

И покрај тоа што со сигурност знаете што сакате и како ќе постапите, сепак некој Бик ви ги мати плановите и ви создава сомнежи. Можеби треба да го послушате, тој е секогаш претпазлив. Вашето однесување ќе ја одалечи околината од вас. Ќе бидете сурови во постапките и некого ќе повредите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Покажувате добра волја со ваша помош и асистенција да се реши некој проблем поради кој подолго време трпите притисок. Вашите напори ќе бидат големи а успесите мали, но не се разочарувајте. Денот не е поволен за искрени и интимни разговори со никого. Обидете се да се прилагодите на некоја нова ситуација.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе ви се пружи можност да се сретнете со некои роднини или пријатели со кои секогаш сте биле многу блиски, а долго време не сте ги виделе. Би требало малку поинвентивно да изработите план кога станува збор за состојбата на финансиски средства и нивната распределба. Можна е кавга со некое многу блиско лице.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Потребно е да обавите некој разговор со Рак, Овен или Лав и тоа да го направите што поскоро. Денес ќе се појават емотивни проблеми за кои решениe ќе најдете во пријателите и заедничкото излегување. Верувате во можноста некој Јарец да ви помогне во изнаоѓањето на начин да ја решите финансиската ситуација.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Малку неповолен период, но лесно ќе го поминете. Оние што се во врска ќе треба подобро да балансираат. На работното место одлично ќе се снаоѓате. Некои ќе се покажат како добри советници, а своето знаење лесно ќе го применат во пракса. Малите несогласувања во комуникацијата ќе бидат со краткотраен карактер.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Инспирацијата ќе ве води оваа недела. Како што ќе одминува седмицата ќе забележите дека станувате се покреативни. Поради тоа ќе почнете да работите со повеќе задоволство. Вашите идеи ќе бидат добро прифатени од страна на помладите колеги. Некои ќе добијат можност за настап или презентација пред публика.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во очекување сте на вест од некој кој неодамна сте го сретнале и сте разговарале за некоја важна работа. Некој Јарец или Шкорпија ќе се заинтересираат за вашите идеи. Во моментов малку работи се случуваат во ваша корист, не се грижете, се ќе помине во најдобар ред. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој друг Јарец.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денот е поволен поради транзитот на Сонцето кое вас ве поттикнува да барате некои нови решенија за своите проблеми, особено ако на работа ви е потребна инспирација. Поголеми оптимисти сте во однос на претходните денови иако имате многу незавршени обврски. Имате впечаток дека некој е подготвен да го прекрши договорот со вас и да ве изневери.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Месечината во Водолија ви носи одлична можност за успех во работата со некој Бик или Рак. Финансиските теми денес ќе ви бидат во преден план. Бидете подготвени да преземете неколку клучни чекори. Потребно е да се сретнете со некој Јарец или Бик. Постои можност да кратко патување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП