2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик го предводи тимот на колото

Штербик го предводи тимот на колото

shterbik

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, го предводи идеалниот тим на осминафиналните реванш средби во Лигата на шампионите. Вардар во саботата славеше над Висла со 31:20, а Штербик беше еден од најдобрите во тимот.

Штербик, блескаше во второто полувреме, кога со серија на одбрани му помогна на тимот да создаде недостижна предност, тој натпреварот го заврши со 14 одбрани.

Покрај голманот на Вардар во идеалната постава уште се најдоа Уве Генсхајмер (Рајн Некар), Момир Илиќ (Веспрем), Диего Симоне (Монпелје), Жолт Балог (ПИК Сегед), Педро Родригез (Ла Риоха) и Исам Теж (Монпелје).

Македонскиот преставник Вардар втора година по ред избори пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа. Ждрепката за четвртфиналето ќе се одрижи во вторник во Виена, а покрај Вардар пласман во четвртфиналето изборија Кил, Веспрем, Киелце, Барселона, ПИК Сегед, ППД Загреб и ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП