21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ ја одбрани титулата во Индијан Велс

Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Индијан Велс

Novak Djokovic

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс и ја освои јубилејната 50-та титула во кариерата. Српскиот тенисер во финалето славеше над Роџер Федерер со 6:3, 6:7, 6:2.

Бројот 1 на АТП листата ја освои својата четврта титула во Индијан Велс (2008, 2011, 2014, 2015) и според бројот на титулите се израмни со Федерер.

Ѓоковиќ му се реваншираше на Федерер за неодамнешниот пораз во Дубаи и воедно ја намали предноста на Швајцарецот во меѓусебните дуели на 20-18. Ѓоковиќ на најновата АТП листа ја задржа предноста од 4.000 поени во однос на Федерер.

Српскиот тенисер со сигурна игра го доби првиот сет, во кој Федерер грешеше и премногу за неговите стандарди. Вториот сет донесе драма во тај-брејкот, откако Ѓоковиќ при резултат 4:2 не искористи брејк топка.

Во тај брејкот Ѓоковиќ при резултат 5-3 на свој сервис направи две двојни грешки и буквално му го подари сетот на противникот.

Третиот сет донесе неизвесност во првите четири гема, во кои двајцата направија по еден брејк, но потоа Ѓоковиќ ги доби наредните четири гема за конечен триумф.

Ѓоковиќ во мечот имаше 26 винери и 35 неизнудени грешки, додека тој однос кај Федерер беше 27/43.

Титулата во Индијан Велс е втора во 2015 за Ѓоковиќ, откако во јануари победи на грен слемот во Мелбурн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП