22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта немоќна против шампионот, Антиќ постигна 11 поени

Атланта немоќна против шампионот, Антиќ постигна 11 поени

pero-antik

Лидерот на Истокот во НБА лигата, екипата на Атланта, загуби од актуелниот шампион Сан Антонио со 95:114. 

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра 18 минути и имаше учинок од 11 поени, три скока и две украдени топки. Најефикасни кај Атланта беа Пол Милсап со 22 и Денис Шредер со 18 поени.

Сан Антонио го предводеа Тијаго Сплитер со 23 поени, односно Кавај Ленард со 20 поени, 10 скока и 7 асистенции, но клучен играч во победата беше Борис Дијао кој 15 од своите 17 поени постигна во третиот период.

Тренерот на Атланта, Мајк Баденхолзер, не го дочека крајот на мечот бидејќи беше исклучен поради две технички грешки.

Расел Вестбрук и Енес Кантер имаа свое шоу во победата на Оклахома над Мајами (93:74). Вестбрук повторно запиша ‘трипл дабл’ (12 поени, 10 скока, 17 асистенции), а Кантер имаше учинок од 27 поени и 12 скока.

Кливленд славеше над Милвоки со 108:90, двоен ефект (28 поени, 10 скока) имаше Леброн Џејмс, а Џеј Ар Смит постигна 23 поени 97/9 за три).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП