
Романката Симона Халеп ја освои титулата на женскиот дел од Мастерс турнирот во Индијан Велс.


Романката Симона Халеп ја освои титулата на женскиот дел од Мастерс турнирот во Индијан Велс.
Халеп во драматичното финале, кое траеше два часа и 38 минути, славеше над Србинката Јелена Јанковиќ со 2:6, 7:5, 6:3.
Романката која катастрофално го одигра првиот сет, во вториот успеа да направи брејк кога противничката сервираше и беше на два поени од победата.
Во решавачкиот сет Халеп играше многу посигирно, додека Јанковиќ физички и психички повеќе не беше во мечот.
Халеп, која се наоѓа на третото место на ВТА листата, во Индијан Велс ја забележа 11-та победа во кариерата.