Хокеарите на Металург ја освоија титулата во регионалната БАХЛ лига. Покрај титулата, хокеарите на македонскиот шампион ги освоија речиси сите индивидуални награди.
За МВП – играч на шампионатот беше прогласен Давор Атанасов, додека уште четири хокеари на Металург се закитија со поединечни награди. Димитри Прокудин, кој не настапи на последниот меч, го доби признанието за најдобар стрелец, додека Стефан Децковски беше прогласен за најдобар напаѓач. Наградата за најдобар дефанзивец исто така отиде во рацете на играч на Металург, а признанието му припадна на капитенот Ивица Тасков. За дебитант на сезоната беше прогласен голманот Александар Петров.
Клубот по обединувањето на титулите во домашниот шампионат и сега во БАХЛ, кон крајот на мај ќе атакува и на тројна круна во хрватската инлајн лига, каде што има обезбедено настап во плејофот.