17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку чини да отвориш Subway ресторан?

Колку чини да отвориш Subway ресторан?

sabvej

Која е најголемиот синџир за брза храна во светот? Не, не е „McDonald’s“! „Subway“ успеа да го стигне конкурентот по бројот на ресторани уште во март 2011-та година.

Една од причините за овој успех е фактот дека франшиза за отворање на ресторан од синџирот е најевтина меѓу големите синџири за брза храна.

За да отворите ресторан од брендот „Subway“, треба да имате ликвидни средства од најмалку 30.000 долари, како и нето вредност на богатство меѓу 80.000 и 310.000 долари, покажуваат податоците од изданието „Entrepreneur“.

За споредба, за да отворите ресторан „McDonald’s“, треба да имате ликвидни средства од барем 750.000 долари.

Почетните трошоци за отворање на ресторан „Subway“, инкорпорирање на трошоците за изградба и опремување на лизинг, се пресметуваат меѓу 116.200 долари и 262.850 долари. Отворањето на ресторан „McDonald’s“ бара околу 2,3 милиони долари.

Според истражувањето, ресторан на „Subway“ генерира помалку приходи од ресторан на „McDonald’s“. Просечните приходи годишно изнесуваат 490.000 долари за ресторан од синџирот спрема 2,5 милиони долари за ресторан на „McDonald’s“, според податоците на списанието „QSR“.

„Subway“ исто наметнува сериозни франшиза такси, што е еднакво на 8% од бруто продажбата, како и надомест за рекламирање во износ од 4,5% од бруто продажбата. Тоа значи дека 12,5% од приходите на секој ресторан одат за синџирот.

sabvej133

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП