16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпортската акедмија започнува потрага по спортски таленти

Спортската акедмија започнува потрага по спортски таленти

sport akademija

Спортската академија по четврти пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од спортските паралелки во фудбал, ракомет, кошарка и тенис во учебната 2015/2016 година, кои освен во Скопје, ќе бидат распределени и во Велес, Гостивар, Охрид, Штип, Прилеп,  Струмица, Битола, Кавадарци и Тетово.

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП