21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИндијан Велс: Финале за Јанковиќ и Халеп

Индијан Велс: Финале за Јанковиќ и Халеп

jankovic halep

Јелена Јанковиќ и Симона Халеп ќе се борат за титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Јанковиќ во полуфиналето славеше над Германката Сабине Лисицки со 3:6, 6:3, 6:1. Лисицки во вторито сет имаше брејк предност при резултат 2:3, а потоа Јанковиќ успеа да ги добие наредните 11 гемови со кои си го трасираше патот кон победата.

Јанковиќ веќе има победено во Индијан Велс, во 2010 година таа славеше над Вознијацки.

Симона Халеп без борба се пласира во финалето, откако најдобрата на светот Серена Вилијамс и го предаде мечот поради повреда на коленото.

Јанковиќ и Халеп досега одиграле четири меѓусебни натпревари, првиот го доби Србинката, а во наредните три славеше Романката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП