19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ќе им компензира на клубовите поради СП во 2018-та и 2022-ра

ФИФА ќе им компензира на клубовите поради СП во 2018-та и 2022-ра

World_cup_2018_2022

ФИФА потврди дека на клубовите кои ќе имаат играчи кои ќе бидат учесници на Светските првенства во 2018-та и 2022-ра година ќе им распредели сума од 195 милиони евра.

Светската куќа на фудбалот, во четвртокот, објави дека Мундијалот во 2022-ра година во Катар ќе се одржи во ноември и декември, а финалниот меч ќе биде одигран на 18-ти декември.

Ова значи дека одредениот термин ќе предизвика хаос во националните првенства, а ФИФА ќе мора да им компензира на клубовите, иако претходно објави дека нема да има никакво обештетување.

„Околу 200 милиони евра ќе бидат дистрибуирани по клубовите кои ќе им дозволат на своите играчи да настапат за репрезентациите на СП во Русија и во Катар“, стои во соопштението од ФИФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП