17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрбитражниот суд на ФИБА ќе решава за смена на Димевски

Арбитражниот суд на ФИБА ќе решава за смена на Димевски

daniel dimevski

Според првиот човек на Македонската кошаркарска федераија (МКФ), иницијативата која ја поднесе Огнен Дедиќ и која поддршка доби од 22 клуба, не била во согласност со актите на Федерацијата и на ФИБА.

Даниел Димевски информира дека валидноста на поднесената иницијатива за свикување на вонредно собрание со кое се бара негова смена била предадена на надлежниот Спортско арбитражен суд (САС) кој ќе ја утврдува валидноста и законитоста на иницијативата преку своја постапка и извршна одлука.

„МКФ, согласно Член 36 од Статутот, на 21.02.2015 година одржа редовно годишно собрание каде члениките едногласно ги усвоија сите извештаи за работата на МКФ во изминатата година. Бидејќи во поднесокот со “Иницијативата”, се наведуваат имиња на клубови, кои само четири дена претходно јасно и недвосмислено ја искажаа довербата кон претседателот на МКФ и работата на МКФ, едногласно прифаќајќи ги сите извештаи за 2014-та година, низ постапката што ќе ја врши надлежен и независен орган, во согласност со актите на ФИБА, ќе се утврди што се случило во тие четири дена и кој, зошто и на каков начин се обидува да го руши системот и актите на МКФ и ФИБА“, вели Димевски.

Претседателот на МКФ најави дека во зависност од пресудата на САС ќе бидат превземени и наредните чекори, но како што рече каква и да е одлуката на САС ќе биде орагнизирано изборно собрание по завршувањето на Европското првенство.

Поради чуствителноста на целиот случај, Димевски најави дека се додека не стигне одлуката од САС тој ќе се повлече од сите тела на федерацијата кои ги третираат лигите и натпреварувањата.

„Заради мојата обврска да го чувам интегритетот на МКФ, од моментот на одлука на САС, до евентуалното Собрание и секако до следното изборно Собрание на МКФ, јас се изземам од сите тела на МКФ кои ги третираат лигите и натпреварувањата, за никој да не помисли или да се посомнева, ниту пак да шпекулира, дека со било каква моја активност ќе влијаам врз регуларноста на натпреварувањата.“, рече Димевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП