15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Волфсбург повоторно доби италијански противник

Лига Европа: Волфсбург повоторно доби италијански противник

evro liga 1

Волфсбург – Наполи е дербито кое ќе се одигра во четвртфиналната фаза во фудбалската Лига Европа. Извлекувањето на четвртфиналните двојки повторно на германскиот претставник му донесе противник од Италија, Волфсбург во претходната фаза во двомечот го елиминираше Интер.

УЕФА пред почетокот на извлекувањето на четвртфиналните двојки соопшти дека ги руски Зенит нема да може да игра против некој од украинските тимови (Динамо Киев, Дњипро).

Па така Зенит во првиот меч ќе гостува во Севилја кај екипата која ја брани титулата, Динамо Киев ја доби за противник Фиорентина, која во осминафиналниот реванш ја декласираше Рома, додека Дњипро за пласман во полуфиналето ќе игра против Бриж.

Лига Европа, четвртфинални двојки:

Севилја – Зенит

Дњипро – Бриж

Динамо Киев – Фиорентина

Волфсбург – Наполи

Првите натпревари ќе се одиграат на 16-ти март, а реваншите се на програмата на 23-ти март. Полуфиналните дуели се закажани за 7-ми и 14-ти мај, а големото финале ќе се одигра на 27-ми мај во Варшава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП