17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМинатогодишните финалисти се сретнаа во 1/4 финалето, ПСЖ-Барса e втората мегапресметка

Минатогодишните финалисти се сретнаа во 1/4 финалето, ПСЖ-Барса e втората мегапресметка

ls nova

Денеска во 12.00 часот по македонско време во седиштето на УЕФА во Нион стартуваше ждрепката за 1/4-финалето во Лигата на шампионите.

Минатогодишните финалисти, Атлетико и Реал, овој пат ќе ги одмерат силите во четвртфиналето во најелитниото фудбалско натпреварување во светот. Уште една мега-пресметка ќе можат да следат љубителите на фудбалот, а тоа е дуелот меѓу ПСЖ и Барселона, додека во останатите два дуели, Порто ќе ги одмери силите со Баерн Минхен, а пак шампионот на Италија, Јувентус, ќе се сретне со Монако.

Како што претходно беше познато осум екипи продолжуваат во битката за најпрестижното клубско одличје во фудбалот. Актуелниот носител на трофејот Реал Мадрид ќе се обиде да стане првиот тим кој го освоил турнирот во две последователни години. Конкуренцијата сепак е жестока. До 1/4-финалето стигнаа уште 4 клуба кои се биле на европскиот врв – Барселона, Баерн (Минхен), Јувентус и Порто, а само ПСЖ никогаш не играл во финале на турнирот.

Првите натпревари од четвртфиналната фаза ќе се одиграат на 14/15 април, а реваншите се една недела подоцна.

Финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи на 6-ти јуни во Берлин.

Четвртфинале од Лигата на шампионите:

ПСЖ – Барселона

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид

Порто – Баерн Минхен

Јувентус – Монако

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП