21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛисицки-Јанковиќ второ полуфинале во Индијан Велс

Лисицки-Јанковиќ второ полуфинале во Индијан Велс

jelena jank

Германката Сабине Лисицки и Србинката Јелена Јанковиќ ја формираа втората полуфинална двојка на женскиот дел од Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Лисицки, во четвртфиналето, ја елиминираше бранителката на титулата Италијанката Флавија Панета, која во претходната рунда славеше над Марија Шарапова.

Германката против Панета спаси три меч топки во десеттиот гем од третиот сет и потоа успеа да победи со 2:1 (6:4, 6:7, 7:6).

Јанковиќ во четвртфиналето за противничка ја имаше Украинката Лесја Цуренко, таа убедливо го доби првиот сет со 6:1, а во вториот при водство од 4:1 Украинката го предаде мечот.

Во првото полуфинале на Мастерсот во Индијан Велс, чии награден фонд изнесува 7,1 милиони долари ќе играат првата и третата носителка, Серена Вилијамс и Симона Халеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП