20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХарден броеше до 50

Харден броеше до 50

031915-NBA-James-Harden-and-Patrick-Beverley-of-the-Houston-Rockets-celebrate-PI.vadapt.955.high.0

Џејмс Харден го одбележа мечот во Хјустон во кој неговиот тим славеше над Денвер со 118:108. Бекот на Хјустон постигна рекордни во кариерата 50 поени и стана првиот играч на франшизата по легендарниот Хаким Олајџувон во 1996 година кој постигнал најмалку 50 поени на еден натпревар.

Харден од игра шутираше 12-25, а погоди 22 од 25-те слободни фрлања, тој на 50-те поени придодаде 10 скока и 4 асистенции. Еден од најдобрите играчи во лигата уште еднаш сериозно ја истакна кандидатурата за МВП на регуларниот дел од сезоната.

Покрај Харден во победата над Денвер кај Хјустон уште се истакнаа Тревор Ариза (17 поени, 6 скока, 4 асистенции), Џош Смит (12 поени) и Патрик Беверли (10 поени, 7 асистенции).

Вилсон Чендлер и ренди Фој со по 23 поени го предводеа Денвер.

На останатите натпревари Минесота по продолжението го совлада Њујорк со 95:92. Зек Левин погоди четири слободни фрлања во низа за победа на Минесота. Јута славеше над Лејкерси (80:73), а Феникс забележа понеда над Њу Орлеанс (74:72).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП