15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Дебакл на Евертон и Рома

Лига Европа: Дебакл на Евертон и Рома

2015-635623987934480879-448

Во фудбалската Лига Европа позанти се имињата на тимовите кои ќе играат во четвртфиналето. Покрај бранителот на трофејот Севилја, меѓу најдобрите осум се најдоа Наполи, Фиорентина, Динамо Киев, Бриж, Зенит, Волфсбург и Дњипро.

Во осминафиналните реванши најубедливата победа ја забелеќа Динамо над Евертон (5:2) по што Англија остана без свој преставник во европските купови. За одбележување е победата на Фиорентина во Рим над Рома (3:0).

Мечот помеѓу Ајакс и Дњипро беше решен во продолженијата, а херој на Украинците е Конопљанка кој постига гол за израмнување во 97.минута. До крајот Ван дер Хорн во 117.минута постигна гол за Ајакс но меѓу осмумтет најдобри во Лига Европа ќе игра Дњипро.

 

Резултати:

Динамо Москва-Наполи 0:0 (прв натпревар 1:3)

Рома-Фиорентина 0:3 (прв натпревар 1:1)

Динамо Киев-Евертон 5:2 (прв натпревар 1:2)

Торино-Зенит 1:0 (прв натпревар 0:2)

Интер-Волфсбург 1:2 (прв натпревар 1:3)

Севилја-Виљареал 2:1 (прв натпревар 3:1)

Бешикташ-Бриж 1:3 (прв натпревар 1:2)

Ајакс-Дњипро 2:1 – продолженија (прв натпревар 0:1)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП